ПОВЕЌЕ

    IBM отпушта 10.000 луѓе во Европа

    Време зa читање: 2 минути

    Гигантот на технологијата IBM, планира да укине 10.000 работни места во Европа. Отпуштањата се дел од планот на компанијата да се обиде да ги намали трошоците во подружницата со бавен раст.

    Одлуката ќе влијае на околу 20% од вработените во регионот, според извори запознати со деловната активност на компанијата. Велика Британија и Германија треба да бидат најтешко погодени, а намалувања се планираат и во Полска, Словачка, Италија и Белгија.

    Да потсетиме, IBM објави намалување на работните места во Европа претходно во ноември за време на состанокот со претставници на европските работници.

    Акциите на IBM паднаа по оваа вест за 1,6%. Вкупно, од почетокот на годината паднаа за 8,6%.

    Претходно, IBM објави дека ќе се подели на две компании и повеќе ќе се фокусира на развој на облачни компјутери. Одлуката следеше по повеќегодишниот напор на компанијата да го промени стариот начин на деловно работење.

    Извршниот директор на IBM, Арвинд Кришна, објави нова стратегија за компанијата што ја раководи. Новата деловна филозофија се заснова на потребите на нивните клиенти, кои се повеќе се делат на оние насочени кон апликации и инфраструктурни решенија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично