овеќе од 50 македонски и компании од регионот, 25 странски компании купувачи и 15 странски директни инвеститори во Северна Македонија ќе се сретнат на тридневниот онлајн бизнис настан – Macedonian Manufacturing Expo 2020. Потврдени се повеќе од 200 директни видео бизнис состаноци меѓу компаниите од Северна Македонија, Германија, Холандија, Белгија, Јапонија, Италија, Србија, Албанија и Косово.
Четвртата меѓународна конференција Macedonian Manufacturing Expo 2020- The Virtual Edition ја организираат Македонската асоцијација на метална и електро индустрија МАМЕИ и Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија. Истата е поддржана од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем и Амбасадата на Кралство Холандија, а продолжува и партнерството кое се воспостави во 2018 со Германското здружение за менаџирање, набавка и логистика на ланци на добавувачи (БME).
„Како Асоцијација шест години вложуваме во промоција на потенцијалот на македонската лесна преработувачка индустрија. Наша мисија е да ги поврземе домашните производители од оваа индустрија со странски компании купувачи, да им го олесниме излезот на светските пазари. Оваа година поради КОВИД-19 пандемијата, за првпат настанот нема да се одржи физики, туку на виртуелна бизнис платформа, каде ќе се одржат видео бизнис средби меѓу компаниите, ќе може да се посети виртуелниот саем со штандови на компании од повеќе земји и ќе може да се проследи конференцискиот дел од настанот. Оваа година ќе имаме голем број на компании од повеќе од 10 земји” – изјави Гоце Пешев, Извршен директор на Македонската асоцијација на метална и електро индустрија МАМЕИ.
Во рамки на конференцискиот дел од настанот ќе се одржат онлајн панели на теми поврзани со реструктурирање на бизнисот во време на криза, оптимизирање на финансиските текови, градење на нови извозни стратегии, дуално стручно образование, а на истите ќе настапат претставници на Меѓународната финансиска корпорација (IFC), БМЕ- Германија, Развојната банка на Северна Македонија, како и претставници на приватниот сектор во земјата.
“Соединетите Американски Држави веќе 10 години ја поддржуваат лесно преработувачката индустрија во земјава. УСАИД го помага одржувањето на Експото уште од првото издание на овој настан во 2016 година и горди сме кога гледаме како прераснува во една од најголемите можности за развојот на долгорочни партнерства помеѓу домашни и странски компании. Во неизвесни времиња како овие, и за време на бројни ограничувања поради Ковид-19 пандемијата, вообичаените начини на кои бизнисите се вмрежуваат се оневозможени. Сепак, вие успеавте да изнајдете нови начини на поврзување. Ова виртуелно Експо ќе им помогне на македонските компании да ги прошират нивните мрежи, да запознаат нови купувачи и да го зголемат извозот – што е особено важно за време на оваа пандемија.” – изјави во својот поздравен говор амбасадорот на САД, Кејт Мари Брнз.
“Холандија е традиционален партнер на овој бизнис настан кој ги обединува компаниите од металната и машинска индустрија не само од регионот, туку и од цела Европа.
Овогодинешното онлајн издание е сведоштво за посветеноста на сите нас да одиме напред и да ги одржуваме нашите компании, бизниси и економии и покрај предизвиците на кризата предизвикана од Ковид 19 пандемијата.
Во Холандија, 80.000 луѓе се вработени во металната индустрија, со комбиниран годишен обрт од околу 22 милијарди евра. Повеќе од половина од овие компании се извозно ориентирани и според мене постои голем потенцијал за раст и соработка во трговијата и инвестициите во овој сектор меѓу нашите две земји” – изјави во својот поздравен говор амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп.
*
ВМЕТНУВАЊЕ НА ВИДЕО СО ПОЗДРАВНИТЕ ГОВОРИ НА:
- Гоце Пешев, Извршен директор на МАМЕИ- Асоцијација на метална и електро индустрија
- Патрик Мартенс, Директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија
- Кејт Мари Брнз, Амбасадорот на САД во Северна Македонија
- Дирк Јан Коп, Амбасадорот на Кралството Холандија во Северна Македонија