Во време на пандемија од Ковид 19 кога светот е исправен пред сериозни предизвици, Друштвото на часовна основа го следи развојот на настаните, се обидува да ги воочи најранливите точки и да бара применливи решенија.
Во таа насока, КБ Публикум Инвест направи донација за Министерството за здравство, која ќе биде наменета за потребите на лекарите и медицинскиот персонал кои периодов се во прва линија на одбрана од глобалната закана.
Остануваме активен учесник во креирање на мерки за заштита на нашите вработени и клиентите, бидејќи јавното здравје е одговорност на сите и зависи од сите, информираат од друштвото.
Тие порачуваат, почитувајте ги препораките на Владата и Министерството за здравство, останете дома, а надвор држете дистанца и носете заштитна опрема, заедно со позитивна мисла!