ПОВЕЌЕ

    Девизните резерви во август над 5,1 милијарда евра

    Време зa читање: 2 минути

    За еден месец нивото на официјалните девизни резерви е зголемено за 90,2 милиони евра. На крајот на август достигнале 5.101 милион евра, односно над 5,1 милијарда евра.

    Најголемиот дел од девизните резерви, 69,4 отсто, се пласирани во хартии од вредност. Во монетарно злато се вложени 17,2 отсто, додека во валути и депозити се наоѓаат 13,4 отсто од резервите, покажуваат најновите месечни податоци што ги објавува Народната банка.

    Девизните резерви се во ингеренции на монетарната власт, која ги контролира, управува и располага со нив. Нивната примарна функција е да ја заштитат економијата од надворешни шокови, да обезбедат редовно сервисирање на надворешниот јавен долг и да овозможат интервенции на девизниот пазар.

    Нивото на девизните резерви е тесно поврзано со позицијата на државата на меѓународниот пазар, како и со нејзиниот капацитет да одговори на надворешни шокови.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично