Алта банка Белград купила дополнителни 198 акции од Алта банка Битола. Во сопственост, моментално, има 95,2312 отсто од акционерскиот капитал на битолската банка.
„Известуваме дека акционерот Алта банка АД Белград се стекна со дополнителни 198 обични акции и сега поседува вкупно 372.332 обични акции односно 95,2312 % од вкупниот број на обични акции издадени од Алта банка АД Битола“, наведено е во информацијата објавена на Македонска берза.
Акцијата на Алта банка Битола има просечна цена од 3.774 денари. Последното тргување е забележано на 27 август, кога со купопродажбата на 20 акции бил направен промет од 75.480 денари. Инаку, во изминатите 52 недели биле реализирани 26 берзански транскации, во кои не се опфатени блок-трансакциите со промет од 2,62 милиони денари.
Според берзанските податоци, битолската Алта банка има издадено вкупно 390.977 хартии од вредност. Банката од Белград треба да купи уште 18.645 акции и да се стекне со стонастотна сопственост на Алта банка Битола.
Аналитика








