ПОВЕЌЕ

    Од 1 септември дизелот поевтин за 6,50 денари, бензините поскапуваат за денар

    Време зa читање: 2 минути

    Почетокот на септември носи пониски цени на дел од нафтените деривати. Литар дизел ќе се точи за 95 денари, односно ќе биде поевтин за 6,50 денари. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука, според која, цените горивата во просек се намалуваат за 2,06 отсто.

    Најголемо намалување е токму кај еуродизелот. Екстра лесното масло поевтинува за 3,50 денари и ќе чини 97 денари за литар.

    Од друга страна, бензините поскапуваат за по еден денар. Еуросупер БС-95 ќе се продава по 94 денари за литар, а еуросупер БС-98 за 96 денари по литар.

    Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 1,166 денари за килограм и ќе изнесува 44,410 денари.

    На светските берзи, референтната цена на бензините е зголемена за 2,212 насто, додека кај дизелот е намалена за 8,237 отсто, кај екстра лесното масло за 4,389 отсто, а кај мазутот за 2,793 отсто. Дополнително, курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,5477 отсто во споредба со претходната пресметка.

    Од РКЕ нагласуваат дека станува збор за максимални цени. Трговците на големо и мало можат да ги продаваат нафтените деривати и по пониски цени од утврдените.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично