ПОВЕЌЕ

    Просечна плата од 48.381 денар во јуни – за една година 2.913 денари повеќе

    Време зa читање: 2 минути

    Платите на административците и на земјоделците најмногу се зголемиле и имаат удел во формирањето на македонскиот просек кој во јуни достигнал 48.381 денар. Просечната плата е за 2.913 денари или за 6,4 насто повисока во однос на истиот месец лани. Тогашниот јунски просек изнесувал 45.468 денари.

    Движењата што го сочинуваат овој просек се различни, проследени со подеми и падови. Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем годишен раст на просечната нето-плата во јуни е регистриран кај административните и помошните услужни дејности, од 10,6 насто. По таа линија следуваат земјоделството, шумарството и рибарството, каде што просечната плата е зголемена за 8,1 насто, како и транспортот и складирањето, со раст од 8 насто.

    Во споредба со мај, најголемиот месечен пад е забележан во трговијата на големо и мало и поправката на моторни возила и мотоцикли – за 9 отсто. Намалувањето во секторот на уметноста, забавата и рекреацијата е за 6,2 отсто, а кај снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,9 отсто.

    Просечната плата во континуитет заостанува зад минималната потрошувачка кошница. Синдикалните пресметки за јуни покажаа дека за основните месечни потреби на едно домаќинство биле потребни 68.654 денари, односно 20.273 денари повеќе од просечната нето-плата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично