ПОВЕЌЕ

    М-НАВ: Седум милиони евра, вратени во денари – кривична пријава и за штетата од 50.000 евра

    Време зa читање: 2 минути

    Против членови на Управниот одбор на М-НАВ се поднесени повеќе кривични пријави до Обвинителството за организиран криминал и корупција, поврзани со краткорочната позајмица од 7 милиони евра одобрена за ЈП Државни патишта.

    Управниот одбор на М-НАВ на 16 јули, според наводите во пријавите иницирани од дел од вработените, првично го одбил барањето за позајмица, оценувајќи дека носи правни и финансиски ризици. Но, само еден ден подоцна донел нова одлука и ја одобрил позајмицата по задолжувањето од Владата.

    Дополнителен проблем, според последното дополнение на пријавата, е начинот на враќање на парите. Седумте милиони евра биле исплатени од девизната сметка на М-НАВ, а ЈП Државни патишта ги вратило средствата во денари. Како што навеле подносителите, поради курсната разлика М-НАВ претрпел директна штета од околу 50.000 евра.

    Во пријавите се оспорува и намената на средствата со кои располага М-НАВ, со оглед дека значаен дел од приходите доаѓаат од надоместоци за воздушна навигација. Се поставува прашањето дали тие средства можеле да се користат за финансирање на патна инфраструктура, како и дали позајмицата е во согласност со обврските кон Еуроконтрол и ЕБОР.

    Според наводите, случајот може да има последици и врз ликвидноста, финансирањето на идните проекти и обврските на М-НАВ кон кредиторите. Дали има елементи на незаконско постапување и кој е одговорен за евентуалната штета, треба да утврди надлежното Обвинителство.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично