ПОВЕЌЕ

    Драгољуб Арсовски купил 1.009 акции на ТТК банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Првиот човек на ТТК банка, Драгољуб Арсовски, се стекнал со дополнителни 1.009. По оваа трансакција, во сопственот на генералниот извршен директор се 2,1 отсто од акциите издадени од оваа Банката.

    Известувањето за промената ТТК банка го сподели преку Македонска берза.

    Според дневната берзанска листа, акцијата на ТТК банка има просечна цена од 1.150 денари, која произлегува од последното тргување со датум од 18 август. Тој ден биле истргувани пет акции.

    Во изминатите 52 недели, пак, регистрирани се 276 транакции со 17.594 акции и промет од 25.376.257 денари. Во тој период цената за акција се движела од 1.150 до 1.800 денари.

    Акционерското портфолио на ТТК банка се состои од 1.075.091 хартија од вредност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично