ПОВЕЌЕ

    Алта банка Белград ја зголеми сопственоста во Алта банка Битола на 95,17 отсто

    Време зa читање: < 1 минутa

    Белградската Алта банка стана сопственик на уште 40 обични акции издадени од Алта банка Битола. По последната трансакција, нејзиниот удел се зголеми на 95,1754 проценти од акционерскиот капитал на битолската банка.

    Информацијата за промената Алта банка Битола ја објави преку Македонската берза.

    „Известуваме дека акционерот АЛТА банка АД Белград се стекна со дополнителни 40 обични акции и сега поседува вкупно 372.114 обични акции, односно 95,1754 % од вкупниот број на обични акции издадени од АЛТА банка АД Битола“, се наведува во известувањето.

    Од почетокот на годинава ова е петта трансакција со која Алта банка Белград го зголемува својот сопственички удел во битолската банка. Ако се смета и купувањето реализирано во декември минатата година, станува збор за шесто последователно зголемување на сопственоста, по преземањето што се заокружи лани во октомври.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично