ПОВЕЌЕ

    Александра Радевска реизбрана за член на Управниот одбор на Алта банка

    Време зa читање: 2 минути

    Александра Радевска останува во составот на Управниот одбор на Алта банка АД Битола. По одлуката на Надзорниот одбор и добиената согласност од Народната банка, таа е повторно именувана за член на највисокото извршно тело на Банката, информираа преку Македонска берза.

    „Алта банка АД Битола ја информира јавноста дека, согласно Одлуката за именување донесена од страна на Надзорниот одбор бр. 02-3275/1/II.18 од 2.3.2026 година и добиената согласност, односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-9257/9 од 28.5.2026 година, г-ѓа Александра Радевска е повторно именувана за член на Управниот одбор на Банката“.

    Радевска е член на Управниот одбор од 2023 година. Одговорна е за секторите за управување со ризик, за финансии, за контрола на усогласеност на Банката со прописите и спречување перење пари и финансирање тероризам, за управување со инвестиции и имот, како и за правни работи и решавање проблематични пласмани.

    Во битолската банка Радевска е присутна од 2013 година, кога е избрана за член на Надзорниот одбор. Функцијата ја извршувала до 2023 година, а паралелно со тоа, од 2019 година е член и претседател на Одборот за ревизија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично