ПОВЕЌЕ

    ГОЛЕМА ХУМАНИТАРНА ДОНАЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА: 170 инвалидски колички за подобар живот на граѓаните

    Време зa читање: < 1 минутa

    Ротари клубот „Кочани – Виница“ обезбеди 170 инвалидски колички наменети за лица од целата држава кои имаат потреба од ваков вид помош. Од вкупниот број, 150 колички се мануелни, додека 20 се акумулаторски, односно автоматски.

    „Станува збор за поголема хуманитарна донација која се реализира од нашиот клуб и нашиот партнер GNTC Foundation од Косово, кои покажуваат дека хуманоста нема граници“, се наведува во соопштението од клубот.

    Дистрибуцијата на инвалидските колички ќе започне од следната недела и ќе се одвива согласно реалните потреби на граѓаните и здравствените институции низ цела Македонија.

    Од Ротари клубот „Кочани – Виница“ информираат дека досега имаат донирано над 300 инвалидски колички, што, според нив, значи директно подобрување на животот на стотици граѓани.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично