ПОВЕЌЕ

    Gyro House одбележува 4 години: лидер во брза храна, ново работно време и експанзија со ресторан во Гевгелија

    Време зa читање: 3 минути

    По четири години динамичен раст, Gyro House се позиционира како еден од водечките брендови во сегментот на брза храна во Македонија. Компанијата, која започна како македонски стартап со јасна визија, фокус на квалитет и корисничко искуство, денес прераснува во препознатлив ланец на ресторани со континуирана експанзија и стабилни финансиски резултати.

    Во изминатиот период, Gyro House бележи значителен раст и развој, поткрепен со позитивни финансиски показатели со раст од 35% и зголемен интерес од потрошувачите. Овој тренд ја потврдува стратегијата на брендот да инвестира во квалитет, брза услуга и препознатливо гастрономско искуство.

    Како дел од унапредување на услугата и зголемување на достапноста, компанијата воведува ново работно време – рестораните на Gyro House во Центар (кај Соборен храм и во Карпош – Лептокарија) ќе работат и во недела. Оваа одлука има за цел да одговори на растечката побарувачка и да им овозможи на потрошувачите да уживаат во нивните омилени оброци во текот на целата седмица!

    Паралелно со тоа, Gyro House продолжува со својата стратегија за ширење на пазарот. Следниот чекор е отворање на нов ресторан во Гевгелија, град кој претставува важна точка за понатамошен развој и пристап до нова публика. Ресторанот ќе биде отворен на 28 мај, во рамки на новиот Retail Park „Мега“, кој истиот ден ќе започне со работа и ќе претставува нова шопинг дестинација за регионот, вклучувајќи ги Струмица, Дојран, Валандово, Богданци, како и околните населени места како Богородица, Стојаково, Негорци, Миравци, Јосифово, Мрзенци и Удово.

    „Во изминатите четири години изградивме бренд кој клиентите го препознаваат и со доверба го избираат. Нашиот фокус останува непроменет – квалитет, конзистентност и врвно корисничко искуство со најдобри гиро вкусови. Отворањето во Гевгелија и воведувањето на новото работно време се дел од нашата следна фаза на раст. Продолжуваме со исто темпо и со уште поголеми амбиции“, изјави Кристијан Угриновски, основач и сопственик на Gyro House и Forb Group.

    Со јасна стратегија, континуирани инвестиции и силен бренд, Gyro House ја продолжува својата приказна како еден од најбрзо растечките концепти во домашната гастрономија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично