ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка Скопје ќе дели дивиденда: 59 денари за обична акција, 6 денари за приоритетна

    Време зa читање: < 1 минутa

    Стопанска банка Скопје ќе исплати дивиденда од 1,03 милијарди денари, односно 16,75 милиони евра. За секоја обична акција, акционерите ќе добијат по 59 денари. Се работи за бруто износ, а предложените одлуки треба да се усвојат на Собранието на акционери, закажано за 28 мај. Пресекот на акционерската книга ќе се направи на 15 јуни, а почетокот на исплатата е предвиден за 13 јули.

    Дел од средствата – 11,66 милиони евра се обезбедени од минатогодишната добивка, а 5,09 милиони евра се од расположливата добивка од претходни години.

    Исто така, Банката ќе исплати и дивиденда за приоритетните акции, во вкупен износ од 1,36 милиони денари (22,2 илјади евра). Дивидендата ќе се пресметува по 6 денари бруто за акција.

    Нето-добивката на Стопанска банка Скопје за 2025 година е 54,2 милиони евра. Од нив, 20 милиони евра остануваат како задржана добивка ограничена за распределба во иднина за инвестиции, а 22,5 милиони евра како задржана добивка за инвестиции.

    Силни каматни приходи, стабилен профит: Стопанска банка Скопје заработи 54,2 милиони евра

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично