ПОВЕЌЕ

    Во блок-трансакција купени 23,7 % од акциите на Вардар АД Градско

    Време зa читање: 2 минути

    Со вложени над 85 илјади евра, познат купувач станал сопственик на 23,72 проценти од акционерскиот капитал на Вардар АД Градско. За блок-трансакцијата и за промената во друштвото за производство и промет со земјоделски и сточарски производи, информираат од Македонска берза.

    Преку реализираната блок-трансакција се купени 328.391 обична акција. Секоја по цена од 16 денари, а вкупниот износ е 5,25 милиони денари. Инаку, номиналната вредност е 5,1 евро за акција.

    Вардар Градско има широк производствен спектар на разновидни култури, на грозје и овошје, како и во областа на сточарството. Во 2022 година друштвото беше преземено од скопската фирма Грининг ДОО, во чија сопственост тогаш беа 76 отсто од акциите. Преземањето беше извршено по цена од 131 денар за акција.

    Според достапните податоци од БизнисМрежа, друштвото во 2024 година остварило добивка од 14,5 илјади евра, за 94,12 отсто помалку од претходната година. Пад од 24,79 отсто имало кај  приходите, кои биле во износ од 2,6 милиони евра. Во тој период работата ја извршувале 83 вработени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично