ПОВЕЌЕ

    Во нетрговските трансфери најбројни акциите на Комерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    Акции на шест компании биле застапени во минатонеделните нетрговски трансфери. Во ново сопствеништво преминале 1.888 хартии од вредност.

    Во два наврати биле вршени преноси на двете најтргувани акции. Подарени се вкупно 651 обична акција на Комерцијална банка: 105 во вторникот и 546 утредента. Имаат просечна цена од 28.372,21 денар.

    Акциите на Алкалоид се евидентирани – 28 во средата и уште 4 следниот ден. Просечната вредност произлезена од последното тргување на 13 месецов, е 25.320,47 денари.

    Нетрговски преноси на по 500 обични акции издадени од Либерти и од АрцелорМиттал (ХРМ) се забележани во седмичната статистика на Централниот депозитар за хартии од вредност. Берзанските тргувања со акциите на Либерти не се чести (12 трансакции во 52 недели), а просечната цена е шест денари. АрцелорМиттал е долгорочно суспендиран од котација, а според податоците, цената за акција е два денари.

    Во текот на минатата работна недела биле трансферирани и 150 обични акции на Окта, со вкупна вредност од 12 илјади евра. Просечната цена за акција е 4.900 денари од последното тргување реализирано пред крајот на 2025 година.

    Подарените или наследени 55 обични акции на Макпетрол вредат над 6,2 милиони денари или 101 илјада евра. Просечната цена од 112.999,98 денари е заснована на последното тргување од 10 февруари.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично