Со дел од акумулираната добивка од 2017 и 2018 година, Винарската визба „Тиквеш“ АД Кавадарци ќе издаде обични акции по пат на приватна понуда. Третата емисија ќе содржи 101.598 акции со продажна и со номинална вредност од речиси 5,2 милиони евра.
Винаријата доби одобрение од Комисијата за хартии од вредност:
„Комисијата за хартии од вредност донесе решение со кое го одобри барањето на Винарската визба Тиквеш АД Кавадарци за издавање на обични акции по пат на приватна понуда од трета емисија на акции, со средства на друштвото односно преку распределба на дел од акумулираната добивка од 2017 година и 2018 година и исплата на дивиденда во акции на акционерите, сразмерно на нивното учество во основната главнина според дивидендниот календар за исплата на дивиденда за 2017 и 2018 година“.
Исто така, во информацијата од КХВ е наведено дека цената за акција е 51,13 евра.
„Со третата емисија ВВ Тиквеш АД Кавадарци ќе издаде 101.598 обични акции со продажна вредност која е еднаква на номиналната вредност по акција и изнесува 51,13 евра односно со вкупна номинална вредност на емисијата која е еднаква на вкупната продажна вредност и изнесува 5.194.705, 74 евра“.
Аналитика








