
“Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) најави ексклузивно глобално партнерство со водечкиот светски бренд за гитари, “Фендер“ (“Fender“), за да го донесе првото телевизиско издание на апликацијата “Fender Play“ на “Samsung“ телевизорите во 2026 година[1].
„Со видео лекции на ’Samsung’ телевизорите, учењето инструмент природно се вклопува во секојдневниот живот и им помага на оние кои имаат афинитети за свирење побрзо да ги постигнат своите цели“, изјави Хун Ли (Hun Lee), Извршен Потпретседател на Бизнисот за Визуелни Дисплеи (Visual Display – VD) во “Samsung Electronics“. „Со носењето на ’Fender Play’ на телевизорите за прв пат, ’Samsung’ го претвора најголемиот екран во домот во место за учење и свирење заедно.“.

Корисниците можат да изберат образовен пат за четири различни инструменти: електрична гитара, акустична гитара, бас или укулеле. Исто така, можат да пристапат и до курсеви по барање во согласност со нивото на развој на вештините, секој со широк спектар на “чекор-по-чекор“ лекции креирани околу познати песни. Преку режимот „Jam“, корисниците можат да изберат забавна позадина и да свират на селекција песни од различни жанрови, претворајќи го својот екран во сцена.
Самсунг во живо претстави преглед на ова искуство на “CES 2026“, преку демо снимки на екранот кои го прикажаа импресивното искуство за учење. Како лидер на глобалниот ТВ пазар 20 години по ред, Самсунг испорачува слика, звук и сигурност што ги одржуваат новите корисници ангажирани додека градат вештини.

„Возбудени сме што го носиме импресивното искуство за учење преку ’Fender Play’ апликацијата на корисниците на ’Samsung’ телевизори, помагајќи им на ентузијастите за гитара да ги подигнат своите вештини на следното ниво“, рече Клиф Ким (Cliff Kim), Потпретседател за Стратегија за раст, Дигитални производи во “Fender“ и Претседател на Фондацијата “Fender Play“. „Нашата мисија отсекогаш била да ги едуцираме и инспирираме изведувачите на музика ширум светот. Ова партнерство им дава можност на љубителите на музика да учат, вежбаат и свират со висококвалитетните, интерактивни лекции на ’Fender Play’ директно на нивниот ’Samsung’ телевизор.“

Апликацијата ќе биде официјално достапна за употреба во првата половина на 2026 година. За повеќе информации, посетете ја страницата www.samsung.com/mk/.
За “Samsung Electronics Co., Ltd.“
“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.
“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.
За “Fender Musical Instruments Corporation“
Од 1946 година, “Fender”, како еден од водечките светски производители, маркетери и дистрибутери на музички инструменти ја револуционизираше музиката и културата. Корпорацијата “Fender Musical Instruments Corporation“ (FMIC), чие портфолио на сопствени и лиценцирани брендови вклучува гитари Fender®, Squier®, Gretsch®, Jackson®, EVH®, Charvel®, Bigsby® и PreSonus®, следи пристап центриран кон музичарот за создавање инструменти со највисок квалитет и дигитални искуства низ жанровите. Од 2015 година, дигиталниот сегмент на “Fender“ воведе нов екосистем на производи и интерактивни искуства за да ги придружува љубителите на свирењето во секоја фаза од нивното музичко патување. Ова вклучува иновативни апликации и платформи за учење дизајнирани да ги надополнат гитарите, засилувачите, педали за ефекти, додатоците и професионалната аудио опрема на “Fender“, и да ги инспирираат преку импресивно музичко искуство. “FMIC“ е посветена на отклучување на моќта на музичкиот израз за сите музички изведувачи, од почетници до легенди што создаваат историја. Во 2026 година, “Fender“ слави 80 години давајќи им на уметниците „крилја за летање“, продолжувајќи ја визијата на својот основач Лео Фендер (Leo Fender) и поврзувајќи ги музичарите преку заедничка љубов кон музиката.
[1] Започнувајќи од 2026 година, апликацијата “Fender Play“ ќе биде достапна на “Samsung“ телевизорите од 2025 година и понови модели, во 49 земји низ Америка, Европа, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореја.
Аналитика








