ПОВЕЌЕ

    НЛБ ФОНДОВИ: Оптимизмот се враќа на пазарите

    Време зa читање: 4 минути

    Финансиските пазари малку се опоравија минатата недела по малата корекција во првата половина од ноември. Растот по очекувањата дека Федералните резерви на САД (ФЕД) би можеле да продолжат да ги намалуваат каматните стапки во декември, ја смири нестабилноста и го врати оптимизмот на пазарите.

    Во САД, трговската недела беше скратена поради Денот на благодарноста – пазарот беше затворен во четвртокот, а петокот, тргувањето заврши неколку часа порано. Неделата помина доста мирно, а вниманието на инвеститорите беше насочено кон промените во очекувањата во врска со монетарната политика на ФЕД. Во последните недели, веројатноста за намалување на каматната стапка во декември падна под 50%, главно поради загриженоста дека инфлацијата не забавува доволно брзо и дека економијата е премногу робусна за ФЕД да ризикува предвремено олабавување на политиката. Сепак, ситуацијата се промени минатата недела – објавените податоци покажаа забележително заладување на економската активност, па веројатноста за намалување на каматната стапка во декември повторно значително се зголеми, што дополнително ги стимулираше пазарите. Американскиот берзански индекс S&P 500 порасна за 2,88%, а глобалниот MSCI World порасна 2,84%.

    Мајкл Бери, најпознат по својот облог против хипотекарниот пазар во 2008 година, кој стана познат по филмот „The Big Short “, останува во центарот на вниманието. Во последните недели, тој го дерегистрираше својот фонд, Scion Asset Management, кај Комисијата за хартии од вредност (SEC), но останува активен на берзите. Во ноемвриските објави на Substack и X, тој ги засили критиките кон најистакнатите акции за вештачка интелигенција, предупредувајќи дека технолошките гиганти ги надувуваат профитите со агресивно продолжување на корисниот век на опремата. Тој ги нарече ваквите практики „една од најчестите измами на модерното време“ и процени дека недоволното пријавување на амортизацијата кај големите даватели на услуги во облак може да значи стотици милијарди долари преценети профити во наредните години. Минатата недела, Nvidia конечно одговори на неговите обвинувања, со меморандум до аналитичарите во кој ги бранеше своите сметководствени практики и ги отфрли споредбите со скандали како што се Enron или WorldCom. Но, токму овој вид одговор, кој изгледаше дефанзивен и речиси страшен, предизвика повеќе сомнеж отколку доверба кај инвеститорите.

    Европските берзи минатата недела го следеа движењето на американските. Индексот Stoxx 600 ја заврши неделата со пораст од 2,63 %, при што најголем придонес имаше поизразениот раст на германскиот пазар, каде индексот DAX се зголеми за 3,23 %. Инвеститорите не ги остави во состојба на двоумење ниту објавата на институтот Ifo за влошувањето на германската бизнис-клима, што произлегува од по-песимистичните очекувања. Од друга страна, анкетите на институтот GfK и Нирнбершкиот институт за пазарни одлуки покажаа мало подобрување на довербата на потрошувачите во пресрет на декември, бидејќи поголемата подготвеност на домаќинствата за купување надвладеа над влошувањето на економските и доходовните очекувања.

    Во меѓународната политика, вниманието беше насочено кон преговорите за мировниот план од 28 точки што САД го претставија пред ЕУ, НАТО и Украина како основа за решавање на војната во Украина и за обликување поширока европска безбедносна рамка. Првичниот предлог Украина и нејзините европски партнери го оценија како изразито наклонет кон Москва, но подоцнежната дискусија доведе до ажуриран, нешто поурамнотежен нацрт кој би требало да им овозможи на Украина и Русија порамноправна почетна позиција во преговорите. Иако главните барања на двете страни и понатаму значително се разликуваат, позициите полека се движат во насока на можно решение на конфликтот. Сепак, тешките компромиси што би требало да ги прифатат и Киев и Москва во моментов сè уште не создаваат впечаток дека страните навистина се подготвени за конечен договор.

    Кинеските берзи пораснаа минатата недела, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од оптимизмот во врска со домашните технолошки компании и компаниите за вештачка интелигенција, надминувајќи ги загриженостите за забавување на економскиот раст. Економските податоци останаа мешани. Индустриската добивка неочекувано се намали за 5,5% на годишно ниво во октомври, откако порасна за повеќе од 20% во претходните два месеци, што укажува на губење на моментумот во последниот квартал. Во меѓувреме, индексот на цените на производителите остана на негативна територија 37-ми месец по ред, и покрај владината кампања против ценовните војни и прекумерното производство во многу индустрии.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично