ПОВЕЌЕ

    Блок-трансакција од 695 илјади евра со акции на Комерцијална банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во акции на Комерцијална банка се вложени повеќе од 695 илјади евра. Реализирана е блок-трансакција, преку која се купени 1.500 хартии од вредност издадени од најголемата, најуспешна и најпрофитабилна домашна банка.

    Трансакцијата е изведена со единечна цена за акција од 28.500 денари. Постигнат е вкупен износ од 42.750.000 денари, покажуваат податоците од статистичкиот преглед за блок-трансакции на Македонска берза, со датум од втори декември.

    Паралелно со ова, во текот на дневното тргување на официјалниот пазар со овие акции направен е промет од 6.380.600 денари (103,7 илјади евра). Истргувани се 228 акции по цена пониска од забележаната во блокот, односно по просечните 27.985,09 денари. Притоа, дневната промена на вредноста е плус 0,34 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично