
Со 70 нови акции Сава пензиски фонд го зајакна акционерскиот удел во Реплек. Во ценовно чувствителната информација објавена на Македонска берза, од компанијата информираат и дека Настел продал дополнителна количина акции.
„Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД Скопје објавува:
Акционер со над 5% Отворен задолжителен пензиски фонд САВА ПЕНЗИСКИ ФОНД се стекна со 70 нови акции, со што поседува вкупно 16.863 или 6,51% од вкупниот број на акции.
Акционер со над 5% односно компанијата НАСТЕЛ ДООЕЛ продаде 450 акции, со што поседува вкупно 15.500 или 5,98% од вкупниот број на акции“.
Аналитика








