Во акции на Стопанска банка Битола познат инвеститор вложил 77,7 илјади евра. Блок-трансакцијата е регистрирана во официјалната дневна листа на Македонска берза.
Извршена е купопродажба на 1.366 акции по единечна цена од 3.500 денари. Вредноста на трансакцијата е 4.781.000 денари.
Цената за акција е пониска од просекот од 3.564,52 денари со кој заврши денешното тргување. На официјалниот пазар се истргувани 31 акција, при што е остварен промет од 110.500 денари. Дневната промена е позитивни 1,84 проценти.
Блок со акциите на малата банка, која лани успеа прекланската загуба да ја трансформира во добивка, имало и пред осум дена. Берзанската статистика тогаш забележала трансакција од 65.851.500 денари, односно од над еден милион евра. За тој износ биле купени 19.500 акции по цена од 3.377 денари.