ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка повторно е најдобро рангирана македонска банка на SEE TOP 100 листата на порталот SeeNews.com

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комерцијална банка повторно е најдобро рангирана македонска банка на ранг-листата SEE TOP 100 најголеми банки во Југоисточна Европа, објавена од порталот SeeNews.com.

    Во рангирањето за 2023 година, Комерцијална банка бележи и скок од едно место погоре благодарение на растот на вкупната актива, со што се најде на 45 место во Југоисточна Европа. Во домашна конкуренција, Комерцијална банка е убедливо на 1 место.

    Оваа година на ранг-листата SEE TOP 100 се најдоа шест банки од Македонија. Оваа листа е традиционално годишно рангирање кое има за цел да објави факти и бројки за најголемите банки во Југоисточна Европа.

    Покрај банки, SEE TOP 100 одделно рангира и компании од други сектори, со што дава сеопфатна слика за економиите во Југоисточна Европа и за бизнисите со најдобри перформанси.

    SeeNews е независен меѓународен провајдер на бизнис вести, со фокус на пазарите во развој во Југоисточна Европа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично