ПОВЕЌЕ

    За 392 акции на „Макпетрол“ платени половина милион евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Повеќе од половина милион евра се вложени во акции на „Макпетрол“ преку блок-трансакција забележана во официјалниот дневен билтен на Македонска берза.

    Познат инвеститор станал сопственик на 392 акции. Платени се по единечна цена од 85.000 денари. А, целата трансакција е со вредност од 33.320.000 денари, што е противвредност на 541,8 илјади евра.

    Со акцијата на најголемиот македонски дистрибутер на горива ќесто се тргува. Во текот на вчерашниот ден, со нив на официјалниот пазар е направен промет од 342.000 денари. Истргуваните четири акции се по цена од 85.499,50 денари.

    НА МАКЕДОНИЈА Ѝ ТРЕБА ПОСТЕПЕНА ЕНЕРГЕТСКА ТРАНЗИЦИЈА заради одржливост на стопанството и заради граѓаните

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично