ПОВЕЌЕ

    „Тетекс“ откупи 19.118 сопствени акции за 60,2 милиони денари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Тетовски „Тетекс“ извршил откуп на сопствени акции. Со информацијата објавена на Македонска берза се разјасни дека ова акционерско друштво стои позади пакетот од речиси милион евра, за кој известивме претходно.

    „Согласно член 34 алинеја 4 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, а во врска со Одлуката за стекнување на сопствени акции со откуп бр. 0201-810/9 од 19.04.2024 година, Тетекс АД Тетово објавува дека на ден 18.06.2024 година изврши откуп на 19.118 сопствени акции“, известуваат од компанијата.

    Исто така, наведено е во објавата, „по извршениот откуп, моменталната состојба на откупени сопствени акции изнесува 25.390 акции, што претставува 6,13% од основната главнина на Друштвото“.

    Последните откупени акции претставуваат 4,62 проценти од почетниот капитал на компанијата. Номиналната вредност на една акција е 50,4 евра. Вредноста на реализираната блок трансакција е 60.221.700 денари или над 979 илјади евра.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично