ПОВЕЌЕ

    Сладолед со сланина и многу грешки – до 25 јули „Мекдоналдс“ ќе го повлече AI од драјв-ин рестораните

    Време зa читање: 2 минути

    „Мекдоналдс“, барем привремено, се откажа од примената на вештачката интелигенција во драјв-ин рестораните. Веројатно, главната причина за тоа се бројните грешки регистрирани во текот на периодот додека се тестираше системот.

    Двегодишниот пилот-проект за користење на вештачката интелигенција во драјв-ин рестораните на „Мекдоналдс“ не заврши добро. Првично беше застапен во десетина ресторани во Чикаго, а потоа се прошири во над сто ресторани на повеќе локации, но компанијата одлучи оваа технологија да биде отстранета до 25 јули годинава.

    Во примањето на нарачките, пишува Форбес Хрватска, повикувајќи се на информација од Би-Би-Си, се употребува технологија на IBM која користи софтвер за препознавање глас. Во пракса тоа не се покажало како целосно сигурно, па на друштвените мрежи се ширеле вирални видеа со погрешно разбрани нарачки – од сланина врз сладоледот па сѐ до пилешки прсти вредни стотици долари.

    Овој проект бил инициран од идејата за забрзување на услугите и за поедноставување на работните функции во рестораните. Во официјалните изјави од „Мекдоналдс“ не се критикува IBM, кој од компанијата се посочува како партнер од доверба. Така што напуштањето на овој систем не значи дека „Мекдоналдс“ трајно ќе се откаже од соработката со IBM. До крајот на годинава компанијата ќе направи евалуација на своите планови, а потоа, врз таа основа ќе донесе одлука за иднината на гласовните нарачки.

    Причините за напуштање на АИ системот, според „Индипендент“, се неговата висока цена и неточноста. Дел од проблемот се лоцира и во комуникацијата, бидејќи системот за вештачка интелигенција не препознава акценти на некои луѓе.

    Истото технолошко решение од кое се откажува „Мекдоналдс“ се тестира и во неколку други синџири на ресторани, а некои решиле да го имплементираат по пробниот период.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично