И оваа година Комерцијална банка со големо задоволство ја дава својата поддршка на Меѓународниот фестивал на влашки песни и ора „Песната нѐ поврзува 2022“. Фестивалот е во организација на Здружението на Власи стопанственици од Македонија „Мандра“, а годинава се одржува по четврти пат.
Целта на овој фестивал е поврзување со влашката култура и воспоставување соработка на фолклорни и пејачки групи, здруженија и пејачи поединци од Балканот и пошироко.