Прво, второ и трето место за Комерцијална банка на 2,5 километри на КОЛОР РАН 2022

Време зa читање: 2 минути

Тимот на Комерцијална банка докажа дека е најдобар и на новата трка КОЛОР РАН 2022. Со екипна победа – Елена Димитровска (1 место во женска конкуренција), Бобан Нефовски (2 место во машка) и Марјан Шамовски (3 место во машка) – Комерцијална банка беше најуспешен учесник во трката на 2,5 километри.

И горд спонзор на оваа шарена и возбудлива трка – Комерцијална банка и нејзината Debit Mastercard дебитна картичка ги наградија тројцата првопласирани во машка и во женска конкуренција со подарок-картички за шопинг во East Gate mall.

КОЛОР РАН 2022, во организација на трговскиот центар East Gate Mall и атлетскиот клуб Кorrunners, е уште еден убав настан во Скопје кој промовира спортски навики и здрав живот и поттикнува team building во компаниите.

14,794Следи нè на facebookЛајк

слично