Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на јулските пензии од среда, 27.07.2022 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од среда и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.
Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:
- Среда, 27.07.2022 година, исплата на пензии до 11.000 денари,
- Четврток, 28.07.2022 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари,
- Петок, 29.07.2022 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари,
- Понеделник, 01.08.2022 година, исплата на пензии над 18.000 денари.
За да се избегнат редиците и да се заштити здравјето од вирусот Covid-19 на сите корисници на банкарски услуги, апелираме при посетата на филијалите и експозитурите на Комерцијална банка строго да се почитува наведениот распоред, да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.