ПОВЕЌЕ

    Стравот од инфлација ја крева цената на златото на њујоршката берза

    Време зa читање: 2 минути

    Златото закрепна од најголемиот неделен пад од јуни, бидејќи војната во Украина продолжи да ги зголемува цените на нафтата, засилувајќи ги стравувањата од глобалната инфлација и ја зголеми побарувачката за безбедни засолништа на капиталот. Цената на златото (spot gold) се зголеми за 0,8% до 1.935,30 долари за унца до пладневните часови, додека, пак, фјучерсите на американското злато забележаа умерен пораст од 0,3% и во Њујорк се тргуваа по 1.935,20 долари за унца.

    Во меѓувреме, и берзанските индекси S&P 500 и Nasdaq 100 паднаа откако ја објавија својата најдобра петдневна серија од ноември 2020 година. Нафтата ВЕст Тексас Интермидиет се искачи над 110 долари за барел додека инвеститорите ја оценуваа војната во Украина и тензиите на Блискиот Исток.

    Зголемувањето на цените на суровините помага да се поткрепи привлечноста на златото како заштита од инфлација. Поранешниот министер за финансии на САД, Лоренс Самерс, минатата недела изјави дека ФЕД ќе треба да ги зголеми трошоците за задолжување повисоки отколку што тековно предвидуваат официјалните лица, ако сака да ја врати инфлацијата под контрола.

    Во понеделникот, претседателот на Банката на федерални резерви на Атланта, Рафаел Бостик, рече дека е отворен за поагресивно заострување на политиката, притоа планирајќи шест зголемувања на каматните стапки за 2022 година.

    Главниот основен двигател кој сè уште ги поддржува цените на златото потенцијално да се тргуваат повисоко на среден рок, продолжува да биде ризикот од стагфлација“, изјави за Блумберг Келвин Вонг, аналитичар во CMC Markets во Сингапур. „ФЕД досега не успеа да ги олади идните инфлаторни очекувања“.

    „Повторна ескалација околу Украина би довела до значителен пораст на побарувања за злато од безбедносни причини, па дури и до поместувања нагоре на инфлацијата, ако се појават нови санкции што ќе предизвикаат нов пораст на цените на стоките“, вели Крег Ерлам, висок пазарен аналитичар во ОАНДА, во извештајот на Ројтерс.

    Како што се зголемуваат реалните каматни стапки, апетитот за злато како заштита за инфлација може да се намали“, предупредуваат аналитичарите на благородни метали Хереус. „Сепак, дури и ако горните проценки на ФЕД за зголемувањата на каматните стапки станат реалност, инфлацијата сè уште ќе биде напред, а реалните каматни стапки негативни, одржувајќи позитивно опкружување за златото на среден рок“, додаваат аналитичарите на Хереус.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично