ПОВЕЌЕ

    СОРОС ПРЕДУПРЕДУВА: Индустријата на недвижности во Кина е пред колапс, не инвестирајте таму!

    Време зa читање: 3 минути

    Милијардерот Џорџ Сорос предупреди да не се инвестира во Кина, по катастрофалниот пад на кинескиот пазар на недвижности, наведувајќи го примерот на кинеската компанија Евергранд. Мерките кои кинеската Влада ги превзема за подобрување на тој сектор му отежнаа на задолжениот џин на недвижности Евергранд да ги плати своите долгови. Кина се соочува со економска криза откако бумот на недвижности заврши со силен удар минатата година, според инвеститорот Сорос, пренесува Си-Ен-Ен.

    На говорот во Институтот Хувер на Универзитетот Стенфорд во понеделникот, Сорос рече дека Кина тешко ќе ја врати довербата во оваа стопанска гранка, погодена од серијата неисполнети обврски од страна на кинеските компании кои се занимаваат со градежната индустрија, како и поради падот на цените на земјиштето и становите.

    Падот на цените ќе „сврти многу од оние кои го инвестираа најголемиот дел од своите заштеди во недвижен имот против кинескиот претседател Кси Џинпинг“, рече Сорос, додавајќи дека сегашната ситуација „не ветува“. „Кси Џинпинг има на располагање многу алатки за повторно воспоставување на довербата – прашање е дали тој ќе ги користи правилно“, додал милијардерот.

    Бумот на недвижностите во Кина се засноваше на „неодржлив“ модел кој им беше од корист на локалните власти и ги охрабруваше луѓето да го инвестираат најголемиот дел од своите заштеди во имот, рече Сорос.

    Инвеститорот се соочува со повеќе од 300 милијарди американски долари од вкупните обврски, вклучително и околу 19 милијарди американски долари во офшор обврзници кои ги поседуваат меѓународни менаџери на средства и приватни банки во име на нивните клиенти, објави Си-Ен-Ен.

    Владини претставници се испратени во компанијата за да го надгледуваат реструктуирањето, но има малку јасност за тоа што следува. Евергранд апелираше за повеќе време, но некои заемодавачи се чини дека не се подготвени да чекаат.

    Покрај тоа, Сорос, инвеститор и претседавач со Фондацијата Отворено општество, во септември изјави дека менаџерот на средства BlackRock прави „трагична грешка“ со тоа што го зголемува бизнисот во Кина. Тој го критикуваше Пекинг поради неговата политика за надзор и репресијата на приватниот бизнис.

    Аналитичарите се загрижени дека колапсот на Евергранд може да предизвика пошироки ризици за кинескиот пазар за недвижнини, што ќе им наштети на сопствениците на куќи и на поширокиот финансиски систем. Недвижностите и сродните индустрии сочинуваат дури 30 отсто од БДП на земјата, објави Си-Ен-Ен. Кинеската економија се прошири за 8,1 отсто минатата година, но слабеењето на растот во последните месеци од 2021 година сугерира дека кризата со недвижностите, обновените епидемии на СОВИД и строгиот пристап на Пекинг за контрола на вирусот земаат данок.

    Меѓународниот монетарен фонд очекува економскиот раст драматично да забави до 4,8 отсто во 2022 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично