ПОВЕЌЕ

    ОТКАКО ПРОКНИЖИ НАЈДОБРА ДОБИВКА, какви се очекувањата на менаџментот на Стопанска Банка за периодот што следи?

    Време зa читање: 2 минути

    Одржувањето на високата стабилност и сигурност врз основа на здравите деловни фундаменти, прудентното управување со ризиците, целосната поддршка на клиентите и понатамошниот раст на бизнис-активностите продолжуваат да бидат главен императив во работењето на Банката. Статусот на системски значајна банка претставува значајна обврска и одговорност за Стопанска Банка, која бара голема посветеност, фокусиранот и поддршка на клиентите и пошироката заедница. Преку своите активности и перформанси, Банката е битен фактор во креирањето на фундаментите на финансискиот систем на земјата.

    Во натамошниот период, фокусот на вниманието ќе остане насочен на кредитниот раст, како примарна банкарска активност. Притоа, во согласност со деловните политики на Банката, активностите ќе бидат во насока на одржување на лидерското пазарно учество од околу 27 % во сегментот на кредитирање на население и натамошно зголемување на пазарното учество во делот на кредитирање на компаниите, кое во 2021 година достигна ниво од 15,4 %.

    Исто така, Банката и понатаму ќе остане фокусирана на дигитализацијата на услугите, овозможувајќи поддршка на сите нејзини клиенти во согласност со нивните потреби и најнови трендови.

    Дополнително, палетата на услуги, Банката ќе ја зголеми со понуда на услуги во делот на банко-осигурувањето и соработката со дел од осигурителните компании и пензиски фондови.

    Грижата за општествената заедница преку поддршка за разни намени останува во зацртаната агенда на Банката, која и до сега ја покажа својата посветеност и грижа кон заедницата преку разни донации, како пред пандемијата така и за време на пандемијата.

    Истовремено, покрај клиентите и пошироката заедница, Банката продолжува и понатаму со соодветна грижа и посветеност кон своите вработени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично