ПОВЕЌЕ

    50 милијарди фунти недостасуваат: Никој не знае каде се наоѓаат

    Време зa читање: 2 минути

    Во последните неколку години, употребата на готовина во Британија опаѓа, но побарувачката за банкноти расте.

    На никој не му е јасно каде одат сите овие банкноти.

    Група британски законодавци изјавија дека „недостасуваат“ дури 50 милијарди фунти во готовина и ја повикаа централната банка на Велика Британија да го испита проблемот.

    „Парите се скриени некаде, но централната банка не знае каде се, и се чини дека никој не е премногу заинтересиран за тоа што се случува“, рече пратеничката Мег Хилиер, која ги надгледува државните финансии, како што објави Си-Ен-Ен.

    Тие брзо се јавија од Банката на Англија и рекоа дека „членовите на јавноста не мора да и објаснуваат на банката зошто сакаат да чуваат банкноти“.

    „Нема недостаток на банкноти, а централната банка ќе продолжи да ги задоволува јавните побарувања за банкноти“, додаваат тие.

    Бројот на банкноти во оптек во јули достигна рекордни 4,4 милијарди во Велика Британија, со вкупна вредност од 76,5 милијарди фунти. За споредба, во 2000 година имало во оптек 1,5 милијарди банкноти во вредност од околу 24 милијарди фунти.

    Од друга страна, процентот на плаќања во готовина сè повеќе паѓа. Пред десет години, хартиените пари биле користени во 6 од 10 трансакции во Велика Британија, а минатата година за помалку од 3.

    Банката на Англија проценува дека помеѓу 20 и 24 проценти од вредноста на банкнотите во оптек се користат за готовински трансакции, и дека уште 5 проценти од домаќинствата ја чуваат готовината како заштеда.

    „Малку се знае за тоа каде се наоѓа остатокот од 50 милијарди фунти. Можните објаснувања вклучуваат чување пари во странство заради трансакција или заштеда или чување пари во Велика Британија во самите домаќинства или за употреба во сивата економија “, велат од НАО, кои ги следат државните трошоци.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично