ПОВЕЌЕ

    3 показатели кои укажуваат дека можеби сте во финансиска неволја?

    Време зa читање: 2 минути

    Постојат показатели кои се толку очигледни, но толку лесно се игнорираат, кога станува збор за вашата финансиска ситуација. Не постапувајте како повеќето луѓе кои пасивно ја одбираат линијата на најмал отпор. Бидете проактивни и совесни. Еве неколку показатели и како да се справите со нив:

    Немате претстава колку пари имате во банка.

    Тоа подразбира, трошење пари од вашата кредитна картичка без да знате колку средства се преостанати на вашата сметка. Решението е едноставно. Разбудете се! Освестете се. Најчесто ова е показател дека не сте доволно сериозни за вашата финансиска ситуација. Треба да имате навика редовно да го проверувате салдото на вашата банкарска сметка (најмалку еднаш неделно) и да ги проучувате месечните банкарски извештаи за да добиете контрола каде одат вашите пари и како можете подобро да ги контролирате. Обидете се само да плаќате во готово еден месец за да започнете да се тренирате сами да трошите умно.

    Целата плата оди на трошоци

    Доколку приметувате дека секој месец, целата плата ја давата за редовни трошоци, тоа е показател дека треба нешто да промените. Прегледајте го вашиот буџет и обидете се најдете места каде што можете да ги намалите трошоците за јадење надвор, намирници, лична нега, забава, разонода и сл. Можеби ќе треба да ја преиспитате вашата животна состојба.

    Често задолжување

    Голем број на луѓе имаат навика да се задолжуваат кога се веќе задолжени кон банката. Си викаат, “ах, уште 100 евра, како и да е, веќе имам долг. Уште еден мал долг нема да ми наштети.” Оправдувањето и рационализацијата на ваков начин е очигледна лоша навика и е голем показател за кој треба да се преиспитате. Тоа значи дека вие се спротивставувате на неопходната промена. Полесно е да се продолжат лошите навики отколку да се работи напорно за лошата навика да се искорени, и да се замени со нова, позитивна навика.

    Не заборавајте. Ако не можете да си дозволите трошок и треба да побарате заем од некого, веројатно веќе имате финансиски проблеми (или можеби сакате да купите нешто што не ви неопходно). Бидете свесни и мудри. Доколку не сте сигурни за некоја одлука, оставете да помине еден или два дена, и тогаш обидете се повторно да размислите рационално со ладна глава.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично