ПОВЕЌЕ

    САД купуваат 77 милиони барели нафта на домашниот пазар за стратешки резерви

    Време зa читање: 2 минути

    САД ќе купат 77 милиони барели нафта на домашниот пазар за стратешки резерви, соопшти Министерството за енергетика на земјата.

    По дадената насаока од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, Министерството за енергетика ќе ги надополни стратешките нафтени резерви до максимум, со купување на 77 милиони барели сурова нафта, произведена од САД“, се вели во соопштението на Министерството.

    Министерството распиша тендер за набавка на првата серија од 30 милиони барели.

    Цените на нафтата на светскиот пазар се во пад по крахот на Договорот за намалување на производството.

    Договорот меѓу ОПЕК и земјите надвор од таа организација (ОПЕК плус) за намалување на производството на нафта е во сила од почетокот на 2017 година. Договорот повеќе пати беше продолжен, а условите се менуваа.

    До крајот на 2019 година, договорот предвидуваше намалување на производството од 1,2 милиони барели дневно во однос на нивото од октомври 2018 година, а за тековниот квартал Алијансата го намали производството на нафта за 1,7 милиони барели.

    1 април е крајниот рок каде истекуваат обврските за намалување на производството на нафта на земјите членки на ОПЕК плус.

    Москва не се согласи на предлогот на картелите за понатамошно намалување на производството поради ширењето на коронавирусот.

    Членовите на ОПЕК плус во петокот на 6 март не успеаја да се договорат ни за промена на параметрите на договорот за намалување на производството на нафта, а ниту за продолжување на договорот. Поради тоа од 1 април обврските за ограничување на производството на нафта се укинуваат.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично