ПОВЕЌЕ

    НЛБ БАНКА СО ДОБИВКА ОД 36 МИЛИОНИ ЕВРА: Какви се очекувањата на менаџментот за 2022

    Време зa читање: 3 минути

    Бруто добивката на Банката заклучно со 31.12.2021 година изнесува 2.445.178 илјади МКД и е зголемена за 31,6% во однос на претходната година.

    Нето добивката на Банката заклучно со 31.12.2021 година изнесува 2.219.107 илјади МКД и е зголемена за 30,2% во однос на претходна година.

    Какви се очекувањата на менаџментот на баката за претстојниот период?

    Рецесијата која ја одбележа македонската економија во 2020 година како резултат на КОВИД-19 пандемијата, беше присутна и во текот на 2021 година (особено во првиот квартал од годината), иако е забележан глобален раст споредено со 2020 година. Растот на БДП во 2021 година е во согласност со очекувањата, а како резултат на стабилизирањето на епидемиолошката состојба во текот на вториот и третиот квартал од годината и имунизација во земјата. Заздравување на економијата беше очекувано за 2021 година, но сепак враќањето на претпандемиско ниво на раст економијата се очекува во 2022 година, под претпоставки на враќање на тековно функционирање на глобалните канали на снабдување, кои имаат значително влијание врз индустријата и извозно ориентираното производство, како и на воведувањето на нови мерки на ограничување.

    Согласно најновите предвидувања од домашните и странските институции макроекономскиот изглед на среден рок е позитивен но сепак условен од високи негативни ризици кои произлегуваат од неизвесноста за времетраењето на пандемијата и вакцинацијата. Земајќи ги во предвид проекциите за економски раст, македонската економија во 2022 година се очекува да оствари позитивен раст кој би се движел помеѓу 3,7%-4,6%, при очекувано закрепнување на инвестициите, потрошувачката и надворешната побарувачка. Умерен притисок сe очекува и на инфлацијата, земајќи ги во предвид зголемувањата на цените во обид да закрепнат економиите како на глобално така и на домашно ниво и тоа првенствено на порастот на глобалните цени на енергија и цените на храната.

    НЛБ Банка АД Скопје и во текот на 2022 година во фокусот на своето работење ќе ја има дигитализацијата на производите и услугите со цел постигнување на поголема достапност, а истовремено следејќи ги светските технолошки трендови. Исто така, континуирано ќе се работи на проширување на палетата на производи и услуги, зголемување на квалитетот на услугите од што зависи и задоволството и довербата на клиентите, зголемување на задоволството на вработените, како и придонесот кон целата заедница, со што очекуваме уште подобри резултати во клучните сегменти од работењето на Банката.

    Што се однесува до сегментот на стопанството, во кредитирањето фокусот ќе биде насочен кон т.н. „зелени кредити“ – кредитирање во области за производство на електрична енергија од обновливи извори, намалување на загадувањето и унапредување на животната средина.

    Истовремено, Банката ќе се стреми кон одржување или зголемување на пазарниот удел по различни сегменти во банкарскиот сектор на Република С.Македонија во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста. Како и досега, Банката интензивно ќе работи на развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење, како и на развој на информатичкиот систем на Банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично