ПОВЕЌЕ

    На берза се истргуваа блок транскации вредни 1,8 милиони евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во текот на вчерашниот ден на Македонска берза, се истргуваа околу 1,8 милиони евра во блок транскации.

    За сума од 5,6 милиони денари (над 90 илјади евра) се продадоа блок од 500 акции од „Комерцијална банка“ по цена од 11.200 денари за акција, додека во две блок-трансакции со вкупна вредност од 108 милиони денари (околу 1,7 милиони евра) се продадоа 1.200 акции од „Реплек“ АД Скопје.

    Во првата трансакција вредна 81 милиони денари се продадоа 900 акции, а во втората трансакција вредна 27 милиони денари се продадоа 300 акции од компанијата.

    Во двете трансакции акциите се продадоа по цена од 90.000 денари за акција.

    ЧИТАЈТЕ И: ВО НЕКОГАШНИОТ ЧЕВЛАРСКИ ГРАД, СЕГА ДРУГИ ГИ ВРТАТ МИЛИОНИТЕ. Кои 5 кумановски фирми, свртеле 122 милиони евра?!

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично