ПОВЕЌЕ

    КХВ одобри трета емисија на хартии од вредност на АД ,,Водостопанство на РМ”

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 134-та седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити, а се одржа денеска на 5 јануари, 2022 година донесе Решение со кое на Акционерското друштво “Водостопанство на Република Македонија” во државна сопственост, Скопје му се дава одобрение да  издаде трета емисија на  долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Станува збор за 93.000 обични акции во вкупна вредност од 93.000.000 денари.

    Со третата емисија на обични акции, АД  “Водостопанство на Република Македонија” во државна сопственост, Скопје врши зголемување на основната главнина со трансформирање на заем даден од страна на единствениот акционер на Друштвото во влог, во согласност со Законот за трговските друштва и Законот за хартии од вредност и подзаконските прописи. Зголемувањето на основната главнина со издавање на нови обични акции е заради создавање услови за непречено функционирање на друштвото. Емисијата е наменета за познат купувач – единствениот акционер на Друштвото – Влада на Република Македонија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично