ПОВЕЌЕ

    Заштедете време и пари со Дигиталната експозитура на Комерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    Дигиталната експозитура на Комерцијална банка на ул. Македонија во Скопје ги штеди вашето време и вашите пари. Банкарските трансакции во оваа експозитура се брзи, лесни и достапни 24/7.

    Токму затоа, во месецот на штедењето, вработени од Комерцијална банка се погрижија граѓаните да се запознаат со погодностите и предностите и на дигиталните банкарски транскации.

    Во Дигиталната експозитура, која е опремена со банкомати и дигитални киосци за безготовинско плаќање сметки, е овозможен влез со картичка од која било банка. Во неа корисниците имаат можност бесплатно да повлекуваат готовина, да уплаќаат готовина на својата дебитна или кредитна картичка за физички лица издадена од Комерцијална банка, како и да уплаќаат готовина по основ на дневен промет преку својата Visa Business Debit дебитна картичка од Комерцијална банка.

    Дигиталните киосци, пак, им овозможуваат бесплатно плаќање сметки за услуги од ЕВН, БЕГ, Телеком, А1 и Телекабел и бесплатно печатење извод од трансакциска сметка за физичко лице корисник на Интернет банка на Комерцијална банка.

    Искористете ги предностите на дигиталните банкарски трансакции. Почнете да штедите време и пари за да си овозможите други задоволства.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично