ПОВЕЌЕ

    До финансиска кондиција, со Сава пензиско инвестиција!

    Време зa читање: 2 минути

    Како дел од своите континуирани активности за едукација и промоција на капитално финансираното пензиско осигурување , Сава пензиско друштво а.д. Скопје во периодот од 17.05.2021 година до 11.06.2021 година ќе спроведе едукативна кампања „Месец на пензиско советување“, во и пред продажните места на нашите деловни соработници, Сава осигурување а.д. Скопје и НЛБ Банка АД Скопје.

    Во овој период, наши лиценцирани агенти ќе Ви бидат достапни на рекламни пултови за да Ви дадат правилен совет за пензиско штедење и за градење на финансиска кондиција, прилагодени на Вашите потреби и очекувања, а истовремено сите наши агенти вработени во останатите продажни места на Деловните соработници ќе понудат советување за задолжителното и доброволното пензиско осигурување за сите заинтересирани постоечки и потенцијални членови на пензиските фондови.

    Исто така, ќе имате можност и да ажурирате податоци, да добиете извештај за пензиска заштеда, податоци за пристап на мобилната апликација Сава пензиско план  и проверка дали сте член на некој од нашите пензиски фондови.

    Ве покануваме да ја искористите можноста и во “Месецот на пензиско советување“ лично да се информирате за сите информации поврзани со задолжителното и доброволното пензиско осигурување.

    Распоредот на продажните места (експозитури) каде нашите тимови ќе бидат достапни  на одредена дата го имате на следниот линк , додека пак листата на сите наши продажни места (експозитури на нашите Деловни соработници каде имаме овластени агенти) е континуирано објавена на овој линк.

    Посетете ги и нашите профили на социјалните мрежи, каде можете да се информирате за значењето на создавање финансиска кондиција за пензионерски денови.

    Никогаш сами со

    Сава пензиско друштво а.д. Скопје

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично