ПОВЕЌЕ

    Азески: Договор за економијата – врвен приоритет, извозот клучна компонета на развојот

    Време зa читање: 2 минути

    Само пет проценти од македонските компании извезуваат, што е поразителна бројка. Промената на оваа состојба е првата и основна задача на Националниот совет за извоз, а една од целите која треба да се надоградува се и производите со компаративна предност, кои засега ги има само 440, нагласи Бранко, претседател на Националниот совет за извоз и на Стопанската комора, при посетата на компанијата „Џонсон Мети“ во ТИРЗ-Скопје . Ова е и првата активност на Националниот совет, новоформирано тело кое ги обединува претставниците на приватниот сектор и на владините институции.

    Извозот, според него, е алфа и омега за опстанокот на Македонија, па мора да се постават приоритети кои тоа ќе го поддржат. Токму од тие причини првата посета на Советот се реализира во најголемата извозна компанија – „Џонсон Мети“, која со својот пример на работење покажува „како треба да се насочуваат и другите наши национални институции и компании кои излегуваат на отворениот пазар“.

    Многу мал број компании во нашата држава се вклучени во синџирите за снабдување на странските инвеститори. Тоа е наша одамнешна активност што треба да добие на интензитет, потенцира Азески. Исто така, дециден е, доста е од констатации, ќе одиме со конкретни предлози со кои треба да се постигне национален консензус за извозот.

    „Моја генерална оценка е дека и ние и политичките чинители во државава одиме кон процес на определување приоритети и постигнување консензус. Од приоритетите клучно е да постигнеме договор околу економијата како врвен приоритет во наредните десет години, како поддршка на извозот во наредните десет години како клучна компонета на развојот, но и регионалната соработка“, посочи Азески.

    На бизнисот, укажа тој, потребно му е учество во конципирањето на законите, а не во Електронскиот национален регистар на прописи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично