ПОВЕЌЕ

    Д-р Неда Трајковска модератор и предавач на светскиот конгрес WCP IOF-ESCEO

    Време зa читање: 2 минути

    Во периодот од 11 до 14 април во Лондон, по 24 пат се одржа WCO IOF-ESCEO (WORLD CONGRESS ON OSTEOPOROSIS, OSTEOARTHRITIS AND MUSCULOSKELETAL DISEASES), водечка светска клиничка конференција за здравјето на коските, зглобовите и мускулите. Научниот програм беше дизајниран од International Osteoporosis Foundation (IOF) и European Society for Clinical and Economic Aspects of Osteoporosis and Osteoarthritis (ESCEO). Она што го прави уникатен конгресот е средба на лекари од сите медицински гранки кои се инволвирани во третманот на остеопорозата и нејзините последици – ендокринолози, ревматолози, физијатри, хирурзи…

    Секоја година се пренесуваат и споделуваат резултатите од најновите студии, искуствата од најновите лекови и процедури. Се дискутира важноста на превенцијата, дијагностичките и терапевтските модалитети, со акцент на потребата од мултидисциплинарен пристап.
    Како претставник од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ учествуваше др Неда Трајковска, специјалист по трауматологија, која беше предавач и модератор на настанот.

    „Учествував како предавач и модератор на SICOT-ESCEO-IOF Symposium – Surgical Treatment of Fragility Fractures за дилемите во третманот на спиналните остеопоротски фрактури и потребата од општоприфатен протокол за постигнување на оптимален ефект од конзервативната и хируршката терапија. Задоволство беше да се дискутира со колегите од различни гранки за улогата на хирургот во третманот на последиците од остеопорозата – фрактурите. Чест беше да се претстави искуството на нашиот тим и резултатите од лекувањето на многу пациенти со комплексни остеопоротски фрактури на ‘рбетот. Со оглед на поразителните податоци од статистиката, на нашата земја и нашиот здравствен систем им се повеќе од неопходни вакви средби и обиди за приближување на ставовите, како и следење на светските трендови. Потребен е национален план за превенција, дијагностика и адекватен третман на остеопорозата и нејзините последици.“ – вели д-р Трајковска.

    За битноста на остеопрозата како здравствен проблем и колкаво оптоварување претставува за здравствените системи покажува статистичкиот податок дека: 1 од 3 жени и 1 од 5 мажи над 50 годишна возраст ќе имаат остеопоротска фрактура; секои 3 секунди во светот се случува една остеопоротска фрактура; секои 22 секунди една остеопоротска фрактура на ‘рбет. И кај најразвиените здравствени системи неможноста за обезбедување на адекватна и навремена дијагностика, а уште повеќе отсуството на консензус во поглед на третманот е горлив проблем.

    Извор: acibademsistina.mk

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично