ПОВЕЌЕ

    ПЕЈКОВ: ОДОБРЕНО НЕ ЗНАЧИ ГАРАНТИРАН

    Време зa читање: 2 минути

    Комисијата за хартии од вредност ја одобрила емисијата на акции или обврзници. Значи ли тоа дека инвестицијата е сигурна? Васко Пејков, внатрешен член – комисионер во Комисијата за хартии од вредност, во „Каде се парите? со Горан Теменугов“ укажува дека одобрението не е гаранција за заработка или за враќање на вложените пари. Регулаторот се грижи за правилата и транспарентноста, а инвеститорот ја носи одлуката. Каде завршува институционалната заштита и каде почнува ризикот што го преземаме самите?

    Целиот разговор гледајте го на „Каде се парите? со Горан Теменугов“.

    Бесплатно претплатете се на нашиот ЈуТјуб канал: https://youtube.com/playlist?list=PLqqetpN_zeRo0JZtlyIE9xGbXe6y1ZLc6&si=mFfhTzz5ZeuTfFuS .

    Васко Пејков: Одобрено од Комисијата за хартии од вредност не значи гарантирано од Комисијата за хартии од вредност…

    …Тоа не значи дека инвеститорот ќе си го оствари својот принос, не значи дека компанијата има позитивни финансиски резултати за две, три, пет години да ја врати главнината и каматата. Сепак, инвеститорот е тој што си ја носи својата одлука врз основа на релевантните податоци и информации содржани во проспектот и во пропишаната документација која што е одобрена  од страна на Комисијата за хартии и вредност…

    …Ризик секогаш постои. Меѓутоа, правилата на игра мора да бидат добро поставени, транспарентноста мора да биде на високо ниво, а затоа е тука Комисијата за хартии од вредност да води сметка за сето тоа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично