ПОВЕЌЕ

    КОНТРОВЕРЗНИОТ ХРВАТСКИ „БАРОН НА ОТПАДОТ“ е сопственик на риечката фирма која гореше ноќеска и го загади воздухот во Риека

    Време зa читање: 3 минути

    Пожар кој рано изутрина изби во кругот на компанијата „Метис“ во Кукуљаново, во близина на Риека, Хрватска предизвика брзо ширење на чад, што го влоши квалитетот на воздух во регионот, поради што хрватската Дирекција за цивилна заштита почна да испраќа предупредувања до граѓаните поради пожарот во отпадот и ширењето на чад. Првите граѓани ја примија пораката околу 4:45 часот наутро. Регистрирани се зголемени концентрации на PM10 честички, а на граѓаните им се препорачува да ги затворат прозорците и да избегнуваат престој на отворено.

    „Поради пожарот во отпадот во Кукуљановo и ширењето на чад, затворете ги прозорците и избегнувајте престој на отворено и изложеност на чад“, се вели во предупредувањето. Пораката беше испратена на хрватски, англиски и германски јазик.
    Според риечката полиција, пожарот во магацинот „Метис“ во Кукуљаново зафатил околу 1.000 квадратни метри, при што изгореле секундарни суровини складирани во магацинот. Според последните информации, пожарот е локализиран и се работи на негово догаснување.
    КОЈ Е СОПСТВЕНИКОТ НА РИЕЧКАТА ФИРМА ЗА СЕКУНДАРНИ СУРОВИНИ?
    Сопственик на одлагалиштето за отпад што гори е Петар Припуз, кој во текот на изминатите три децении го изгради најголемиот приватен систем за управување со отпад во земјата, кој денес работи на повеќе од 40 локации, обработува над 1,1 милион тони суровини годишно и вработува повеќе од 1.100 работници.
    Припуз е еден од најпознатите и најконтроверзни хрватски бизнисмени во секторот за управување со отпад, чие име со години се поврзува со C.I.O.S. групацијата. Преку компаниите од групацијата, неговиот бизнис опфаќа собирање, преземање, обработка, рециклирање и опораба на различни видови отпад, а компаниите учествувале и во значајни договори за третман и згрижување отпад во Загреб и други делови од Хрватска.
    „Метис“ од Риека, во чиј погон на Кукуљаново ноќта кон 24 септември избувна голем пожар, е дел од неговиот деловен систем – C.I.O.S. групата на Припуз поседува повеќе од 50 отсто од акциите на компанијата.
    Контроверзиите околу Припуз главно произлегуваат од неговите деловни односи со јавниот сектор и од истрагите во кои низ годините се споменувале тој и неговите компании. Во аферата „Аграм“, која меѓу другото се однесуваше и на работи поврзани со згрижување отпад во Загреб, Припуз беше правосилно ослободен од сите обвиненија во 2024 година.
    Името на Припуз се појави и во случајот со нелегалното складирање опасен отпад кај Госпиќ, Припуз е поврзан преку CE-ZA-R, компанија од неговата C.I.O.S. групација, која предводи конзорциум избран за отстранување на околу 4.500 тони расфрлан отпад со опасни својства од поранешниот комплекс ППК „Велебит“, за понуда од 8,77 милиони евра без ДДВ.

     

    (Фото: илустрација, Factory Fire by David Dixon)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично