Акционерите на Титан Усје ќе добијат аванс на дивиденда за успешното работење на компанијата во текот на првата половина од годинава. Во тој период е остварена добивка од 839,2 милиони денари или 13,645 милиони евра. Речиси целиот износ, односно 13,64 милиони се наменети за исплата на дивиденда. Секоја акција носи по 1.488 денари.
Одлуката е донесена од страна на Одборот на директори, како што е наведено во информацијата објавена на Македонска берза, „без одржување седница“.
Последен ден на тргување со право за исплата е 7 октомври, а прв ден на тргување без тоа право е 8 октомври. Деветти октомври, пак, е датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право да добијат аванс на дивиденда за периодот јануари – јуни 2026 година.
Исплатата ќе се изврши најдоцна до 31 декември.
Аналитика








