ПОВЕЌЕ

    Вишинска: СДС во Центар крати пари од проекти, за да враќа долгови на Жерновски

    Време зa читање: 2 минути

    Наместо 2,5 милиони евра за улици и игралишта, Општина Центар ќе плаќа судски трошоци

    Речиси 2,5 милиони евра од буџетот на Општина Центар, наместо да бидат инвестирани во нова инфраструктура и проекти за граѓаните, ќе завршат за плаќање судски трошоци и оштета поради загубен судски спор поврзан со раскинувањето на договорот за изградба на катна гаража.

    Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека станува збор за последица од одлуката што пред десет години ја донел тогашниот градоначалник Андреј Жерновски, кога бил раскинат договорот со „Пелагонија Гостивар“ за изградба на катна гаража. Според партијата, по загубениот судски спор, финансискиот товар сега паѓа врз општинскиот буџет, односно врз граѓаните на Центар.

    „Наместо овие средства да се искористат за нови улици, тротоари, велосипедски патеки и детски игралишта, тие ќе бидат потрошени за покривање на судски обврски и штети настанати поради погрешни одлуки на тогашното општинско раководство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Од партијата потсетуваат дека во минатото биле најавувани истраги и утврдување одговорност за случајот, но, како што наведуваат, до денес нема институционална разрешница.

    „Осум години подоцна нема ниту истрага, ниту одговорност. Наместо оние што ја донеле одлуката да ги сносат последиците, сметката ја плаќаат граѓаните преку општинскиот буџет“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Оттаму оценуваат дека случајот претставува пример за, како што велат, неодговорно управување со јавните финансии, при што средствата што можеле да бидат вложени во капитални инвестиции сега се пренасочуваат за сервисирање на судски обврски.

    Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Општина Центар има потреба од домаќинско и одговорно управување со јавните пари, со цел буџетските средства да се насочуваат кон проекти што директно ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично