ПОВЕЌЕ

    „ЖИТО ЛУКС“ ЛАНИ БИЛ ВО ЗАГУБА, „МАКСТИЛ“ 10 ПАТИ ЈА ЗГОЛЕМИЛ ДОБИВКАТА – Што друго открива берзата за котираните фирми?

    Време зa читање: 4 минути

    Загуба од 320.000 евра за “Жито Лукс“, дебел минус од речиси 13 милиони евра за градежната компанија “Бетон“, загуба од околу 240.000 евра за Хотели Метропол- Охрид, се дел од црвените салда што може да се забележат во извештајот за котираните друштва за 2021 година, што го објави Македонската берза.

    Сепак, генерално, минатата година донесе подобри резултати за котираните друштва. Овие податоци се очекувани, ако се земат во предвид објавените статистички резултати – раст на БДП за 4 проценти во 2021 година во однос на 2020 година, годишен раст на индустриско производство за 1,4 проценти, како и намалување на стапката на невработеност за  0,7 процентни поени.

    За 2021  година на Македонската берза, финансики резултати доставиле  91 котирано друштво и според Извештајот објавен на Берзата, 73 од нив, оствариле добивка. Ваквиот резултат е подобар во однос на 2020 година, кога со добивка, од тие 91 друштва, со добивка биле 65. Вкупната добивка на котираните друштва во 2021 година била 18.222.621.729 денари, односно околу  270 милиони евра. Во 2020 година, добивката на 65-те фирми изнесувала 14.819.802.839 денари, или околу 241 мииони евра. Така, податоците покажуваат дека  минатата година е остварен раст на вкупната добивка од  д 22,96 проценти во однос на преклани.

    Со загуба, ланската година ја заокружиле 18 друштва. Тие влегле во вкупен минус од 1.358.732.072 денари, или околу 22 милиони евра. Во 2020 година, загуба оствариле 26 котирани друштва, а таа во вкупен износ била 1.069.441.868 денари, или околу 17,4 милиони евра.

    НАЈГОЛЕМИТЕ БАНКИ СО НАЈГОЛЕМИ ПОФИТИ

    Податоците покажуват дека најголемите добивки лани отишле кај 3 банки, па зад нив се Македонски телеком, Алкалоид, Макпетрол… Но, да потенцираме уште еднаш дека станува збор само за котирани друштва и тоа за оние кои поднеле извештаи. Така, на пример, предмет на анализа не се Халк банка, Шпаркасе…

     ТОП 10 КОТИРАНИ ДРУШТВА ПО ДОБИВКИ (ВО ДЕНАРИ)

    ДруштвоНето добивка за 2021Нето добивка за 2020 Промена 2021/2020
    Стопанска банка АД Скопје2.465.956.0001.957.217.00025,99%
    Комерцијална Банка2.328.320.000 1.939.134.000 20,07%
    НЛБ банка2.219.107.0001.704.271.000 30,21%
    Македонски Телеком1.591.293.0001.603.171.000 -0,74%
    Алкалоид 1.304.988.0001.167.524.00011,77%
    Макпетрол 1.409.843.000 348.709.000304,30%
    Цементарница УСЈЕ1.172.379.0001.522.156.000 -22,98%
    Мермерен комбинат 911.863.000511.377.00078,32%
    Макстил849.387.00082.351.000931,42%
    780.613.128 1.868.582.659-58,22%

    Како што може да се забележи, најголема добивка меѓу котираните друштва, лани направила Стопанска банка – Скопје, околу 40 милиони евра, а најмала, но меѓу 10-те најпрофитни котирани друштва, е добивката остварена од компанијата од металната индустрија „Либерти“ и таа лани била 12,7 милиони евра. Но, лани „Либерти“ имал голем пад на добивката во однос на преклани – 58,22%. Освен „Либерти“ , во ТОП 10 копмании со добивка, пад во однос на преклани имала и Цементарница „Усје“ која лани направила добивка од 19 милиони евра, што е за 22,98% помалку од 2020 година, кога имала нето-добивка од 24,7 милиони евра. Со намалена добивка е и Македонски телеком кој лани остварил профит од 25,8 милиони евра, што е 0,74% помалку отколку во 2020 година.

    Најголем раст на добивката, меѓу овие компании, има „Макстил“. Лани остварил нето-добивка од 13,8 милиони евра, додека во 2020 година имал добивка од околу 1,3 милиони евра, со што лани остварил раст на добивката од цели 931,42 проценти, или речиси 10 пати!

    Со голем раст на добивка, може да се пофали и „Макпетрол“ кој лани имал нето-добивка од речиси 23 милиони евра, а во 2020 година, имал добивка од 5,67 милиони евра, со што растот на добивката во минатат година е 304,3%.

    „БЕТОН“ СО НАЈГОЛЕМА ЗАГУБА

    Лани 18 друштва имале загуби, а најголем загубар бил „Бетон“. Оваа градежна фирма и во 2020 година имала загуба, но околу 8 пати помала. Всушност, во ТОП 10 загубари, сите фирми, освен „Жито лукс“ и текстилната фабриа „Мода“ од Свети Николе, и во 2020 година прокнижиле негативно салдо.

    ТОП 10 ЗАГУБАРИ МЕЃУ КОТИРАНИТЕ ДРУШТВА(ВО ДЕНАРИ)

    ДруштвоЗагуба 2021 Загуба или добивка  2020
    Бетон АД Скопје-786.839.000 -9.391.000
    Вабтек МЗТ-300.930.114 -39.430.39
    ФЗЦ 11 Октомври -102.982.000-111.122.000
    ГТЦ АД Скопје -35.723.000 -40.626.00
    Мода АД Свети Николе -31.808.000+ 864.000
    Тајмиште АД Кичево -30.387.000 - 42.711.000
    Жито Лукс АД Скопје -19.639.163 + 6.728.528
    Хотели-Метропол АД Охрид-15.023.000 -28.512.000
    Агромеханика-10.521.795 -10.991.034
    Интернешнел Хотелс АД Скопје-10.160.000-71.589.000

    Инаку, за друштвата кои немаат објавено финансиски извештаи во предвидените рокови Берзата има преземено соодветни мерки.

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично