ПОВЕЌЕ

    Закрепнувањето на еврозоната ќе забави до крајот на 2020 година

    Време зa читање: < 1 минутa

    „Економскиот раст во еврозоната ќе се стабилизира во четвртиот квартал“, рече германскиот институт Ифо, кој објави економски проекции заедно со швајцарскиот институт КОФ и италијанскиот завод за статистика Истат.

    Во последните три месеци од годинава се очекува економијата на еврозоната да порасне 2,2 проценти во споредба со периодот од јули до септември, кога скокна за 8,2 проценти, покажува истражувањето.

    Во вториот квартал, економијата падна за 11,8 проценти поради ограничувањата воведени за спречување на ширењето на коронавирусот.

    Во текот на целата 2020 година, економијата во еврозоната треба, според институтот, да падне за 8 проценти.

    Во првиот квартал од 2021 година, сепак, активностите треба да се зголемат за 1,5 проценти во споредба со последните три месеци од 2020 година.

    Институтите, исто така, нагласуваат дека нивните прогнози вклучуваат високо ниво на несигурност, пред се затоа што бројот на новоинфицирани со Ковид-19 во многу европски земји во моментов расте.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично