ПОВЕЌЕ

    Вработен си пред 1 јануари 2003 година и роден си пред 1 јануари 1967 година? Информирај се – законски измени во пензискиот систем

    Време зa читање: < 1 минутa

    Првпат сте вработени пред 01.01.2003 година, а родени пред 1 јануари 1967 година? Промените во законските измени во пензискиот систем можеби ќе те интересираат и тебе.

    Информирајте се за новите законски измени во пензискиот систем на овој линк од интернет-страницата на МАПАС.

    Прекин на членство СО ИЗБОР

    Членовите на задолжителните пензиски фондови, кои се родени пред 1 јануари 1967 година и прв пат вработени пред 1 јануари 2003 година, а кои склучиле Договор за членство во задолжителен пензиски фонд, имаат право да изберат да го прекинат или продолжат членството во задолжителен пензиски фонд.

    Изборот се врши со писмена Изјава за престанување или продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд, најдоцна до 30 септември 2019 година. Доколку членот во овој рок не даде изјава, му престанува членството во задолжителен пензиски фонд. Пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од сметките на овие членови во Фондот на ПИОСМ и тие остануваат осигурени во Фондот на ПИОСМ, со што остваруваат право на пензија преку Фондот на ПИОСМ под услови уредени со Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

     

     

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично