НЛБ банка АД Скопје ќе исплати дивиденда во бруто износ од 2,19 милијарди денари, односно 35,7 милиони евра. По 2.571 денар по акција.
Според утврдениот дивиденден календар, последен ден на тргување со право на дивиденда е 9 јуни, додека прв ден на тргување без тоа право е 10 јуни. Датумот на евиденција е 11 јуни, а исплатата на дивидендата ќе започне на 29 јуни.
Од деловните активности во 2025 година, НЛБ банка оствари нето-добивка од 79,3 милиони евра изнесува. Одлуката усвоена на одржаното акционерско Собрание, предвидува средствата да се распределат на три главни ставки: дивиденда, задржана добивка (3,4 милиони евра) и општ резервен фонд (38,5 милиони евра).
Аналитика








